Ед Ширан ќе прави свадба со пици и пиво
- Детали
- среда, 15 февруари 2017
Ед Ширан реши да излезе од улогата на млад ерген и е подготвен да се oжени.
Иако својата сакана ретко ја покажува пред јавноста, Ед им открива на своите фанови дека ќе се жени со најдобрата другарка од средно, Шери Сиборн.
Парот ја започна својата љубовна врска кон средината на 2015-та година, а Ед без срам кажува дека првпат се чувствува заљубено.
Изјавил дека на почетокот на секоја врска лудо се заљубува во секоја девојка, но по една негова турнеја, врската пропаѓа во вода, што не е случај со неговата избраничка Шери.
За свадбата вели дека не сака да биде нешто гламурозно, туку само една попладневна забава со најблиските, а на менито ќе има пици и пиво.
С. М. | Црнобело