Трета брадавица, споени прсти: Ѕвезди со физички деформитети
- Детали
- понеделник, 06 февруари 2017
Немојте да мислите дека ако се славни и успеале во животот, по дефиниција се беспрекорни.
Некои имаат трета брадавица, некои имаат видливи лузни, додека трети се родени со различна боја на очи или различна големина на ушите.
Славни со деформитети од кои не се срамат:
Хари Стајлс - Роден е со четири брадавици
Сил - Како резултат на дисковиден лупус еритематозус, автоимуна болест од која страдал како тинејџер, денес ги има лузните по кои е препознатлив.
Џерард Батлер - Роден е со еднакви уши, но заради операција како дете, денес ушите му се значително различни по големина и форма. Поточно, едното уво му стрчи.
Дензел Вашингтон - Малиот прст на десната рака му е свиткан под 45 степени, затоа што како дете го скршил и никогаш не му заздравел правилно.
Тина Феј - Има длабока лузна на лицето, бидејќи претрпела напад како дете, но никогаш не претерува со нејзино криење.
Меган Фокс - Прекрасната Меган Фокс е родена со мали палци, па затоа ноктите ѝ се кратки и широки.
Ештон Качер - Актерот има споени прсти на нозете, но само на левото стапало.
Џенифер Гарнер - родена е со превиткано мало прсте на едната нога.
Метју Пери - Изгубил мало делче од средниот прст како дете, кога му се заглавил во врата.
Кејт Босворт - Родена е со редок феномен заради кој едното око ѝ е сино, а едното ѝ е мешано кафеаво - сино.
М. Д. | Црнобело