Сестрите кои се убедени дека се Кардашијанс од Англија (фото)
- Детали
- понеделник, 23 јануари 2017
Мајка на идентични близначки кои ги поттикнувала своите ќерки да станат гламур модели, открива дека е љубоморна на нивните кариери на ТВ канал за возрасни.
55-годишната Маруга која живее во Лондон заедно со нејзините ќерки, идентичните близначки Таша и Тања кои имаат 27 години, решена е нејзините ќерки да ги поттикнува максимално да ги искористат можностите за кои таа само сонувала како млада.
„Бев љубоморна што имаат можност да направат нешто и да станат некој и нешто“ - изјавила оваа мајка за емисијата „My Mum's Hotter Than Me“.
„Посакував и јас да имав таква можност како млада“ - додава таа.
Маруга верува дека е најзгодна во нејзиното семејство кое таа го опишува како „семејството Кардашијан од Англија“.
Триото се појави во емисија која следи семејства каде постарите сметаат дека се поатрактивни од нивните ќерки и синови. Но, и покрај самодовербата на Маруга, таа е свесна дека нејзините ќерки поверојатно е да добијат публицитет заради нивните години.
„Сè е околу тоа да знаете да се сакате себеси. Имате само еден живот и морате да бидете најдобри што можете. Затоа ги поттикнав моите ќерки да станат гламур модели. Убави се и близначки се. Мораат да се гордеат со тоа и да го покажат.“ - објаснува мајката.
Од друга страна, за близначките, нивната мајка е најголема инспирација заради која решиле да стават силикони на градите.
Н. Г. | Црнобело