Зошто Кејт Мидлтон секогаш носи мали плик чанти?
- Детали
- понеделник, 09 јануари 2017
Секое издание на Кејт Мидлтон е елегантно, па така и нејзините плик или клач чанти мора да се вклопуваат. Но, зошто Кејт никогаш не сме ја виделе да носи поголема чанта преку раменици?
Додека сите мислат дека се работи за уште едно од многуте правила за принцези, експертите тврдат дека малите чанти се многу повеќе од само моден избор.
Кејт носи мали чанти на важните настани за поздравувањето да не стане непријатно.
Кога Кејт не сака или не треба да се ракува со одредени луѓе, чантата служи како трик „дека рацете ѝ се зафатени“, па доволно е да упати насмевка.
Протоколот е таков што ако на членот од кралското семејство (во случајов Кејт) рацете не му се отворени, не треба да посегнете да се поздравите. Доколку нивната рака посегне прва, тогаш мора да се поздравите.
М. Д. | Црнобело