Од вештачка коса и лажен тен, до елитна дизајнерка: Колку се промени Викторија Бекам?
- Детали
- петок, 30 декември 2016
Кога Викторија Бекам ја започна својата истоимена модна линија во 2008-та година, сите беа изненадени и полни со сомнеж.
8 години подоцна, нејзината модна куќа стана глобален бренд кој го сакаат многу познати ѕвезди како Гвинет Полтроу и Сиена Милер.
42-годишната оваа година ќе добие и OBE (Ред на Британската Империја) од кралицата.
Со тоа ќе се приклучи на елитната група дизајнери која ја вклучуваат Вивиен Вествуд, Алис Темперли и Лулу Кенеди за придонес во британската модна индустрија.
Причината поради која многу луѓе беа скептични за нејзиниот успех е нејзиниот изглед кој полека, но сигурно, еволуираше низ годините:
1. Неонските бои ги замени со посмирени нијанси
Во 2012-та и 2013-та изгледа како вистински елегантен бизнисмен кој си ја знае работата:
2. Порано го истакнуваше телото во стегнати припиени фустани, денес не
Уште од 2013-та година почна да носи широка облека:
3. Од облека со многу пресеци и деколте, до облека која покрива
Нема потреба да се истакнува:
4. Лажниот тен го замени со природен изглед
5. Надградбата на коса ја замени со природна брановидна фризура
6. Од штикли на платформа, до рамни патики
Н. Г. | Црнобело