Какви момчиња сака Ивановиќ?
- Детали
- петок, 09 април 2010
Една од најсексапилните тенисерки во интервјуто за магазинот за машки стил "FHM Collections", открива како треба да изгледа нејзиното совршено момче.
Девојката на голферот Адам Скот, вели дека тој не треба да биде претерано дотеран за да и се допадне, бидејќи таа преферира бушави фризури и секојдневен, удобен стил на облекување.
"Не сакам премногу уредна коса, повеќе ми се допаѓа кога малку делува несредена. Сакам кога еден маж води грижа за себе и кога користи пријатен лосион за после бричење - нешто по што ќе го помнам откако ќе замине", изјавила Ана.
Што се однесува до стилот на облекување, Ивановиќ го фаворизира лежерниот стил на облекување. "Ми се допаѓа и класично одело, но повеќе сакам мажи кои се 'опуштено' облечени, на пример, во фармерки и кошули со долги ракави".
Младата и атрактивна тенисерка, важи за една од најубавите и науспешните спортистки на светот.
Ако некој е сериозен за освојувања на оваа девојка, помошта е голема барем што се однесува до стилот. Останата ви го оставаме вам!