Николас Кејџ стана плавуша
- Детали
- среда, 07 април 2010
Актерот Николас Кејџ на промоцијата на својот најнов филм "The Sorcerer's Apprentice" ја промовираше и својата нова фризура - долга плава коса.
"Се обидувам да им се вратам на келтски корени, па решив да ја бојадисам косата", во шега изјавил Кејџ кој бил нападнат од новинари, за на крајот да признае дека изгледот го променил поради филмот "Drive Away" на кој моментално работи.
Актерот кој беше во брак со ќерката на Елвис Присли, последните месеци се повлече од јавноста поради банкрот и запленување на неколку недвижности. Се очекува Кејџ многу брзо да застане на нозе, со оглед на тоа дека комплетно е посветен на глумата и улогите кои ќе му донесат милионски хонорари.
Најпрво ќе се појави во комедијата "Kick-Ass", а следни се "The Sorcerer's Apprentice" и "Drive Away".