Анистон невино и секси
- Детали
- вторник, 06 април 2010
Актерката Џенифер Анистон ја краси насловната страница на списанието Harper's Bazzar. Таа во моментов го промовира својот најнов филм...
...„The Bounty Hunter“, каде глуми со Џерард Батлер.
Вечниот ерген, Батлер, наводно е нејзин нов дечко, но трачевите за нивната љубовна врска се менуваат од ден на ден.
Едно е факт - во последните неколку години Џенифер се “лепи“ на мажи на кои слободата им е на прво место. Се надеваме дека ќе успее да го задржи Џерард.
На фотографиите Џенифер изгледа романтично, сензуално и пред се женствено. Сликите се во исто време и секси и невини.
Главна тема во списанието се плановите за нејзината понатамошна кариера. Таа зборувала и за промените во нејзиниот живот по разводот со Пит како и за можноста за користење ботокс.