13 години помладиот дечко на Мараја Кери: „Нешто нè поврза уште одамна, но јас не забележав“
- Детали
- среда, 07 декември 2016
Танчарот Брајан Танака воопшто немаше проблеми и не се воздржуваше од тоа да зборува за својата нова љубов, Мараја Кери, на забавата за премиерата на шоуто „Mariah's World“.
Кога 33-годишниот танчар го прашале за 46-годишната пејачка, тој изјавил: „Отсекогаш ми се допаѓала Мараја. Многу ја сакам.“.
Брајан понатаму кажал дека „секој треба да го види нејзиното шоу за да види што точно се случува“, како и дека истото според него ќе биде забавно.
Понатаму, тој продолжил да зборува: „Нешто нè поврза уште многу одамна, но јас тоа досега не го забележав. Отсекогаш заемно сме се почитувале и ценеле. Таа виде нешто во мене, што јас не го препознавав.“
Н. Г. | Црнобело