Сандра Булок затворена дома
- Детали
- среда, 31 март 2010
Актерката, а од неодамна и оскаровка, Сандра Булок, се најде во центарот на вниманието на сите светски таблоиди откако се разоткри дека нејзиниот...
...сопруг Џеси Џејмс имал вонбрачна афера.
По неговата прва љубовница Мишел Мекги, се појавија уште 3 дами кои тврдат дека имале афера со Џеси. Сандра до сега не се огласи на оваа тема, но затоа нејзините пријатели си ја вршат работата.
Наводно, Сандра е во тешка депресија заради сето ова и ќе се одлучи за развод од Џеси. Актерката е во брак 5 години, а започна да се шпекулира и дали двојката имала предбрачен договор или не.
Сандра комуницира само со најблиските пријатели и ги откажала сите обврски. Таа нарачува и облека преку интернет и достава до дома.
Пријателите се надеваат дека брзо ќе застане на нозе и ќе се врати во форма.