Џиџи Хадид ја исмеа Меланија Трамп на Американските музички награди (видео)
- Детали
- понеделник, 21 ноември 2016
Сите почнаа да ја критикуваат Џиџи Хадид на социјалните мрежи, откако реши да ја имитира Меланија Трамп на AMA.
21-годишниот модел не само што го копираше изгледот на Меланија, туку се обиде и да имитира источно европски акцент, шегувајќи се на сметка на идната прва дама на САД.
„Го сакам мојот сопруг Барак. И нашите деца Саша и Малија“ - кажа Џиџи шегувајќи се на сметка на тоа што неодамна многумина се согласија дека сопругата на Доналд Трамп го копирала говорот на Мишел Обама.
Имитирањето остана како една од работите на која луѓето најмногу ќе се присетуваат од АМА, но не на позитивен туку, негативен начин.
„Нека се држи до манекенството“ - коментирал некој.
„Меланија Трамп ќе биде прва дама на САД. Ова е една од највисоките форми на покажување на непочит“ - коментирал друг.
Gigi doing a Melania Trump impression. ? #AMAs pic.twitter.com/6a6jaQFjYS
-->— Gigi Hadid News (@GigiHadidsNews) November 21, 2016
Инаку како презентер на АМА таа промени неколку изгледи:
Н. Г. | Црнобело