Џеј Ло главна на Латинските Греми награди: Го бакна бившиот сопруг и смени 3 изгледи
- Детали
- петок, 18 ноември 2016
Џенифер Лопез ги изненади гостите на 17-ите Латински Греми награди со настап и улогата на презентерка која му додели награда на својот поранешен сопруг Марк Ентони.
Но, најголемото изненадување беше моментот кога нежно го бакна на сцена.
Пејачката го опиша својот поранешен сопруг и татко на 6-годишните близнаци како „жива легенда“ и му ја додели наградата „Личност на годината“.
„Тој не е само личност на годината, туку личност за сите времиња“ - додаде Џеј Ло.
Инаку, на самиот настан, 47-годишната пејачка промени три изгледи.
Се појави во златен краток комбинезон со длабоко отворено деколте, боди во бордо боја и циркони и бел лелеав фустан.
Неколку дена претходно пејачката направи фотосесија за Harper's BAZAAR во костими за капење на базен:
Н. Г. | Црнобело