Марион Котијар за Бред Пит: „Тој е добар човек, со златно срце“
- Детали
- вторник, 15 ноември 2016
Марион Котијар се најде во центарот на драматичниот развод на Бред Пит и Анџелина Џоли откако се раширија шпекулации дека се развила романса меѓу двајцата за време на снимањето на заедничкиот филм „Allied“.
Но, таа ја отфрли секоја можна идеја на таблоидите и фановите за можна романса меѓу нив двајца.
За Entertainment Tonight, 41-годишната актерка ги истакна сите позитивни аспекти на нејзиниот колега, нарекувајќи го добар човек.
Во неодамнешно интервју за ова списание таа немаше ништо друго освен само позитивни коментари за 52-годишниот актер.
„Бред е многу добар човек, има златно срце. Секако, тој е и одличен актер. Бидејќи е така добра личност, не е тешко да бидете сложни со него“ - изјавила.
Понатаму продолжила да зборува за нејзиното искуство за време на снимањето на филмот: „Ова беше интересно искуство за мене, бидејќи сфатив колку сум еволуирала во мојата работа, но понекогаш се плашев дека не можам да најдам баланс меѓу работата и личниот живот“.
„Тешко е да се вратите дома после недели снимање и сè уште да не бидете внесени во ликот“ - додала.
Н. Г. | Црнобело