Трик со кој Бијонсе и Џеј Ло ги држат бутовите под контрола
- Детали
- петок, 04 ноември 2016
Ефективните костими во форма на корсети, какви што често избираат Џенифер Лопез и Бијонсе, во прв план ги ставаат нозете кои во никој случај не се сосема голи.
Тајната на совршениот изглед на нозете на овие диви е што тие секогаш на себе имаат мрежести хулахопки чија улога е да ги држат под контрола бутовите на пејачките при нивните енергични движења на сцената, но истовремено и да ги сокријат малите недостатоци како црвенило, капилари или целулит.
Тие се неизоставен дел од облеката на многу ѕвезди бидејќи совршено одговараат и со вечерни фустани и со здолништа.
За разлика од класичните „најлон“ хулахопки, кои често се премногу сјајни и не се во тон со кожата, мрежестите хулахопки се прилагодуваат на тенот и создаваат природен ефект на голи нозе.
Па, следен пат кога ќе воздивнувате по тенот и нозете на Бијонсе, купете мрежести хулахопки и зачудете се од резултатот.
М. С. | Црнобело