Што е со кривите ноџиња на ѕвездите?
- Детали
- среда, 26 октомври 2016
Од дијамантите кои ги носат на себе, до специјално одбраните фустани и совршените фризура и шминка, нема дел од изгледот на ѕвездите на црвениот тепих кој не е детално испланиран.
Тоа дури важи и за позата во која ќе застанат да се фотографираат.
Постојат неколку актерки и познати личности кои почнаа да позираат во чудна, некои би рекле и бизарна поза која изгледа слично како кога гулабите потскокнуваат во полет.
Трендот го започна Гвинет Полтроу, а оттогаш па навака, многу славни дами почнаа да ја имитираат во ставот.
Сите дами ги поставуваат прстите навнатре, ги шират колениците и оставаат рацете да им висат до телото.
Оваа поза потсетува како онаа која ја прават децата кога се виновни за нешто.
Но, зошто се одлучија токму за ваква поза? Според многумина, овој тренд има за цел да направи да изгледате послаби, мускулите изгледаат помали, посебно оние на нозете.
Најважно од сè е што изгледате помлади.
Н. Г. | Црнобело