Неуспешен Фотошоп: Кендал Џенер и Џиџи Хадид останаа без колена
- Детали
- петок, 21 октомври 2016
Една фотографија од Кендал Џенер и Џиџи Хадид заедно, без сомнеж е бизарна благодарение на неуспешно фотошопирање.
Двата модели изгледаат како воопшто да немаат колена, баш како кукли.
За насловната страна на „W magazine“, по повод 10-годишнината на списанието, Кендал и Џиџи носат исти фустани и изгледа како да кампуваат на отворено во шатори.
Навидум сосема обична фотографија, но ако подобро се загледате во моделите ќе сфатите дека им недостасуваат колената.
Ако ги погледнете останатите фотографии ќе сфатите дека Фотошопот имал навистина важна улога во дизајнот на фотографиите, со оглед на тоа што на нив моделите имаат развлечени носови и чудни усти...
Н. Г. | Црнобело