Криси Тајген не бира место и време за да се слика гола
- Детали
- понеделник, 17 октомври 2016
Криси Тајген започна да објавува сè помалку и помалку фотографии кои откриваат сè. Неодамна дури и го направи приватен својот Твитер профил.
Но, 30-годишниот модел реши роденденот на својата пријателка Мариса Мартинс да ѝ го честита со фотографија на која таа е гола веднаш позади нејзиниот сопруг Џон Леџенд, кој со главата го крие нејзиниот задник.
Моделот ги покрива своите гради и гледа високо нагоре, а веднаш до фотографијата напишала едноставно: „Среќен роденден @MARISAMXO !!!!“ .
Еден ден претходно заедно со сопругот се појавија на забавата „Mohegan Sun's 20th Anniversary party“ каде изјави дела била многу исплашена откако открила за кражбата на нејзината блиска пријателка Ким Кардашијан, па затоа сега повеќе размислува и за својата безбедност.
Н. Г. | Црнобело