Анри со босанска манекенка
- Детали
- понеделник, 22 март 2010
Познатиот фудбалер Тјери Анри овие денови е се почесто сретнат со босанската манекенка Андреа Рајачиќ. На медиумите до сега им беше јасно дека...
...популарниот фудбалер е во врска со убава бринета, но нејзиниот идентитет не беше познат.
Имено, станува збор за босанската манекенка Андреа Рајачиќ (24), ќерка на познат босански хирург кој работи во Кувајт.
Анри и Андреа се запознале пред една година, додека Андреа била во посета на Барселона, за чиј клуб настапува Анри. Божиќ го поминале заедно, во романтична атмосфера на Малдивите.
Анри претходно беше во брак со манекенката Никол Мери, со која ја има ќерката Теа (4), а парот се раздели пред 1 година.