Ако летате во бизнис класа, постои шанса Кејт Мидлтон да седи до вас (фото)
- Детали
- четврток, 13 октомври 2016
Кејт Мидлтон за првото официјално патување без својот сопруг принцот Вилијам, реши да лета во бизнис класа до Холандија.
Еднодневното патување вклучуваше посета на кралот Вилем Александар, кратка посета на Mauritshuis музејот и попатен разговор со добротворните организации кои ги поддржува.
Таман кога мислите дека сето тоа е организирано со приватен авион, бидејќи Кејт е принцеза, таа се појавува во авион од бизнис класа.
Патниците кои се качиле на авионот на British Airways во 7 и 15 часот попладне, биле изненадени кога ја виделе Кејт во бебешко син костим.
Мобилните почнале да се креваат и да ја фотографираат, додека обезбедувањето ја следело додека не седне во првите редови на авионот.
Уште еднаш Кејт се покажа како скромна принцеза, која не е премногу горделива да почека на аеродром.
Единствената предност која ја имала, била што прва го напуштила авионот додека сите останати патници биле замолени да седат.
М. Д. | Црнобело