CSI форензичарот злоставуван
- Детали
- четврток, 18 март 2010
Гери Дурдан, кој и е познат на светската јавност по улогата на форензичарот Ворик Браун во хит серијата "ЦСИ", пред 2 дена повикал полиција поради...
... недоличното и нападно однесување на својата девојка.
Шпанката Марија Асис дел Алмо наводно психички и физички го злоставувала познатиот актер, а за многумина е интересен фактот што Марија има 173цм, додека Гери е повисок од неа речиси 20 цм и потежок околу 40 кг.
Избезумениот актер ја дочекал полицијата изгребан по лицето и вратот додека неговата девојка мирно се предала на полицијата. По неколку часа минати во притвор, побеснетата девојка е пуштена дома. Што точно се случувало во неговиот дом не е познато, но се претпоставува дека Марија полудела бидејќи дознала дека Дурдан ја изневерува.