Праќал порно фотки до нејзиното семејство, се заканувал со снимки – Зошто Лиам Пејн добил закана за тужба од бившата девојка?
- Детали
- четврток, 14 ноември 2024
Праќал фотки од половиот орган и видеоснимки на кои се самозадоволува до членовите на нејзиното семејство. Нудел порно снимки со неа. Зошто поранешната девојка на Лиам Пејн му се закани дека ќе го тужи една недела пред смртта?
Смртта на поранешниот член на One Direction, Лиам Пејн потресе голем број негови обожаватели.
Освен обвинувањата до сегашната девојка Кејт Кесиди, која го оставила сам, многумина ја обвинуваа и неговата поранешна девојка и свршеница Маја Хенри, која една недела пред неговата смрт му се заканувала преку адвокати за вознемирување.
Американскиот таблоид Page Six денес објави ексклузивна статија во која повикувајќи се на блиски извори до истрагата, појасни што трпела Маја од поранешниот партнер и зошто одлучила да му се закани со адвокати.
На 9-ти октомври, односно една недела пред Лиам Пејн да почине, адвокатите на неговата поранешна девојка Маја Хенри упатиле закана за тужба против него, во која се тврдело дека тој постојано испраќал фотографии со непримерна содржина до неа и до членовите на нејзиното семејство.
„Содржините вклучувале и не биле ограничени на, фотографии од неговиот полов орган, како и видеа на кои тој се самозадоволува“ – стои во статијата.
Во обвиненијата стои и дека Лиам, комуницирал со голем број други луѓе на социјалните мрежи и им ветувал дека ќе им испрати порнографски видеа со поранешната девојка.
Наводно, Маја на 6-ти октомври добила порака на Инстаграм од девојка која тврдела дека добро го познава Лиам и дека комуницирала со него со години. Во пораката, според копијата која ја имале адвокатите на Маја, пишувало:
„Ти пишувам затоа што Лиам почна постојано да ми пишува на iCloud мејл, а кога прашав кој е таму, почна да ми нуди да ми прати разголени видеа и фотографии од тебе и од неговата сегашна девојка“.
Девојката ја одбила понудата на Лиам, а веднаш потоа ѝ пишала на Маја за да знае што се случува и дека нејзиниот поранешен дечко се обидува да рашири порнографски содржини за неа.
Адвокатите на Маја му се заканиле на Лиам дека ќе поднесат кривична пријава против него, доколку се обиде да ја клевети, да се заканува, вознемирува или да ја заплашува нивната клиентка или членовите на нејзиното семејство.
Адвокатите му дале 10 дена за да потпише дека ќе се воздржи од какво било ширење, објавување или покажување на споменатите фотографии.
Не се знае дали тој воопшто одговорил на предупредувањето, затоа што починал само 7 дена по поднесувањето на пријавата, односно на 16-ти октомври, кога падна од балкон на хотелот во Аргентина каде што престојувал.
По смртта на Лиам, таа се соочи со онлајн насилство и обвинувања од обожавателите кои ја обвинуваа дека го одвела во прерана смрт.
Инаку, по спроведената истрага во Аргентина, по која 3 лица беа уапсени, телото на музичарот е вратено во Англија, но сè уште не е потврден датумот на неговиот погреб.
Прочитајте и Последните видеа од Лиам Пејн со обожаватели во Аргентина, пред да почине: „Се гледа дека не му е добро“
Б. С. Б. | Црнобело