Последните видеа од Лиам Пејн со обожаватели во Аргентина, пред да почине: „Се гледа дека не му е добро“

„Погледнете му ги очите...“ – стои во еден од коментарите до видеото објавено од страна на обожавателка на Лиам Пејн, на кое се гледа како изгледал музичарот само неколку часа пред да падне од балконот во хотелот во Аргентина, каде починал.

se-gleda-deka-ne-mu-e-dobro-video-od-liam-pejn-so-obozhavateli-vo-argentina-pred-da-pochine-01.jpg

Веста за смртта на некогашниот член на One Direction, Лиам Пејн го обиколи светот, а неговите обожаватели со тага и неверување се обидуваат да прифатат дека него повеќе го нема.

Според досега објавените информации, Лиам Пејн се однесувал мошне агресивно во лобито на хотелот каде што престојувал, по што присилно бил однесен во неговата соба, а вработените побарале помош и од полицијата.

se-gleda-deka-ne-mu-e-dobro-video-od-liam-pejn-so-obozhavateli-vo-argentina-pred-da-pochine-02.JPG.jpg

Но, вработените велат дека само неколку минути подоцна слушнале силен тресок и го нашле музичарот, кој најверојатно бил под дејство на опојни супстанци и алкохол, па паднал од балконот на третиот кат од неговата соба.

Обожавателки од Аргентина објавија кратко видео на социјалните мрежи на кое се гледа како изгледал Лиам, само неколку часа пред смртта.

Музичарот делел автограми на неговите обожавателки кои го пречекале пред хотелот, па дури и им пеел песни на шпански јазик.

Кликнете на објавата за да го погледнете видеото:

Но, според коментарите до видеото, на сите им паѓа во очи состојбата на музичарот, кој не изгледа дека е трезен во моментот кога се сретнал со обожавателките.

„Не изгледа добро, како да се бори“;

„Погледнете му ги очите... Се гледа дека не е трезен“;

„Се гледа дека не е при себе“ – стои во дел од коментарите.

Погледнете уште видеа што се споделуваат на Твитер од неговата дружба со обожавателите:

Прочитајте и Дeтали за долгата битка со зависност од дрога и алкохол на Лиам Пејн, пред трагичната смрт на 31 година

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Рита Ора се расплака на сцена, Зејн Малик со емотивна објава – Ѕвездите се збогуваат од Лиам Пејн Рита Ора се расплака на сцена додека пееше песна што ја издадоа со Лиам Пејн, до...
Дeтали за долгата битка со зависност од дрога и алкохол на Лиам Пејн, пред трагичната смрт на 31 год... Минатата година, Лиам Пејн се пофали дека е трезен 100 дена и дека конечно се ос...
Што ѝ претходело на смртта на Лиам Пејн – Девојката го оставила сам, продуцентите му го раскинале до... „Требаше да бидеме во Аргентина 5 дена, а останавме 2 недели, само сакав да си о...
Бредли Купер со бизарно признание: „Се шетам гол пред ќерка ми Леа (6) - и татко ми правеше така“ „Во мојата спална соба, кадата, тоалетот и креветот се во истата просторија. Нем...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg