Најубавите веренички прстени на славните личности
- Детали
- понеделник, 03 октомври 2016
Ако на нешто сме завидливи на славните личности, тогаш дефинитивно тоа се нивните веренички прстени кои ги добиваат од своите сакани.
Од смарагди до прекрасно избрусени дијаманти, некои од најубавите веренички прстени кои ги добиле славните ѕвезди:
1. Ким Кардашијан од Канје Вест
Ким после 15-каратниот веренички прстен од „Lorraine Schwartz“ доби уште еден подеднакво убав прстен.
2. Пипа Мидлтон од Џејмс Метјус
Принцезата Кејт можеби носи кралски накит, но и вереничкиот прстен на нејзината сестра не е ништо помалку убав.
3. Миранда Кер од Еван Шпигел
Се чини сосема соодветно супермоделот и основачот на Снепчет свршувањето да го најават со емотикони и прекрасен дијамантски прстен.
4. Кејт Аптон од Џастин Верландер
На Мет Галата, Кејт Аптон се појави со прекрасен прстен, специјално рачно изработен за неа од страна на дизајнерот „Anita Ko“.
5. Сиара од Расел Вилсон
Сиара доби прстен кој едноставно ве ослепува од големината и одблесокот.
6. Мараја Кери од Џејмс Пакер
Дивата доби 35-каратен „Wilfredo Rosado“ прстен од нејзиното момче милијардер.
7. Роузи Хантингтон Вајтли од Џејсон Статам
Роузи доби прекрасен дијамант од „Neil Lane“.
8. Ева Лонгорија од Хозе Антонио Бастон
Ева доби прекрасен рубин.
9. Алисон Бри од Дејв Франко
Алисон го покажа својот прстен од розово злато на црвениот тепих во август.
10. Ники Рид од Иан Сомерхолдер
Прстенот на Ники изгледа како цвет кој се состои од неколку дијаманти - еден централен и 10 помали околу него.
12. Ким Сирс и Енди Мари
Ким доби прекрасен прстен исполнет со дијаманти од Мари.
Н. Г. | Црнобело