12 ѕвезди кои имаат забрана да влезат во одредени земји
- Детали
- понеделник, 26 септември 2016
Ако мислите дека животот на славните се врти само околу добро време и забава, се лажете.
Во ред, не е дека сте далеку од вистината, ама не е дека и тие не се соочуваат со одредени проблеми.
На пример, некои од нив имаат забрана до крајот на нивниот живот да влезат во одредени земји.
Бијонсе не смее да влезе во Малезија, Бред Пит во Кина...
1. Крис Браун во Велика Британија
Покрај Канада и Австралија, Велика Британија привремено му забрани на Крис Браун да влегува во земјата поради малтретирањето кое го вршеше на Ријана.
2. Парис Хилтон во Јапонија
Заради обвинувањата за злоупотреба на дрога во Лас Вегас, Парис Хилтон не смее да влезе во Јапонија.
3. Лили Ален во САД
На Лили Ален ѝ била одземена работната виза за Америка откако истепала фотограф во 2007-та година во Англија.
4. Мајли Сајрус во Кина
Откако се појавила фотографија каде Сајрус позира во поза која е навредлива за Азијците, таа сега има забрана да настапува во Кина.
5. Бијонсе во Малезија
Малезија ѝ забрани на Бијонсе да настапува или било како да ги поминува нивните граници, бидејќи сметаат дека е премногу провокативна.
6. Акон во Шри Ланка
Во спотот на песната „Sexy Chick“ девојки танцуваат покрај базен каде се наоѓа и статуа од Буда, заради која Шри Ланка им забрани на Акон и Дејвид Гета да влегуваат во земјата.
7. Снуп Дог во Норвешка
Снуп Дог добил забрана да влегува во Норвешка откако бил фатен со марихуана на аеродром.
8. Бред Пит во Кина
Бред Пит добил забрана да влегува во Кина после филмот „Seven Years in Tibet“.
9. Саша Барон Коен во Казахстан
Саша Барон Коен бил избркан од Казахстан заради неговата навредлива улога во „Borat“.
10. Алек Болдвин во Филипини
Алек Болдвин направил непристојна шега поврзана со самата земја во 2009-та година заради која добил забрана да влегува во Филипините.
11. Бој Џорџ во САД
Додека бил суден во Велика Британија за напад и затворање на машки придружник, добил забрана да влегува во САД.
12. Фифти Сент во Канада
Заради неговото криминално досие и поттикнувањето на оружено насилство, Фифти Сент добил забрана да влегува во Канада.
Н. Г. | Црнобело