Бред Пит и Анџелина Џоли немаат предбрачен договор: Како ќе се поделат $400-те милиони долари?
- Детали
- среда, 21 септември 2016
Анџелина Џоли поднесе барање за развод од Пред Пит во понеделникот, повикувајќи се непомирливите разлики, после две години брак.
Но, 41-годишната актерка и 52-годишниот актер се заедно веќе 12 години и оттогаш стекнаа многу големо богатство. Тие исто така, отворија и своја фондација Џоли-Пит во 2006-та година.
Нивното заедничко богатство се проценува на $400 милиони долари кое е собрано преку различни недвижнини и имот во различни делови од светот, а пред да стапат во брак, воопшто не потпишале предбрачен договор за поделба на имотот.
Ова го потврди и адвокатот Дејвид Писара.
Џоли која бара физичко старателство над 6-те деца на двојката, се верува дека има право над сите имоти.
Главната резиденција се наоѓа во источниот дел на Холивуд и се граничи со Лос Фелиз.
Имаат и уште неколку имоти кои ги купиле откако се заедно.
Главниот дом е традиционална куќа која Бред ја купил во 1994-та година за $1.7 милиони долари каде живееше заедно со Џенифер Анистон, сè додека не се разведоа во 2005-та година после 5 години брак.
Оттогаш па навака, домот е преуреден целосно.
Бред пoнатаму купил уште три имоти во близина на главниот престој за да додаде повеќе простор за живеење.
Актерот исто така, додал и голем парк каде децата можат секојдневно да се забавуваат со лизгалки и песок и да возат моторчиња.
Иако овој имот е масивен, не е ништо во споредба со имотот „Chateau Miraval“ кој се наоѓа во селото наречено Брињол во близина на Екс ан Прованс во Франција.
Овој имот е купен за $60 милиони долари во 2008-та година. Тука се одржа и нивната венчавка во 2014-та година.
Miraval се состои од неколку куќи со вкупно 35 спални соби и се простира на скоро 405.000 хектари. Располага со големо езеро и лозје од кое двојката произведува розе вино.
Покрај тоа, местото има и отворен и затворен базен, џакузи, фонтани и водопади, билјард соба и спортски сали, како и голема банкет сала.
Но, тие не остануваат во овој дом толку често колку што остануваат во домот од $5 милиони долари во Санта Барбара која се простира на 4,4 хектари.
Крајбрежниот ранч се наоѓа близу паркот Гавијота каде се наоѓаат некои од најпознатите природно зачувани области во светот.
Актерот го купи овој дом инаку за $4 милиони долари во 2000-та година, а семејството главно го користи за одмор.
Пит уште од 2015-та година се обидува да го продаде домот во Њу Орлеанс кој оригинално бил вреднуван за $6.5 милиони долари, но потоа вредноста се намалила за $850,000 долари, односно на $5.65 милиони долари.
Двојката го реновираше овој дом од 1830-та година во 2006-та година за снимањето на Пит на филмот „The Curious Case of Benjamin Button“. Има 5 спални соби и 5 тоалети.
Домот има венецијански малтерисани ѕидови, мермерни подови и камини, лајсни во форма на круна, големи спирални скалила и лифт.
Исто така има и посебна куќа за гости.
Неговиот пријател Џона Хил живеел таму додека го снимал филмот „21 Jump Street“.
Во 2007-та година беше објавено дека Џоли купила доб во Кањонот Лорел, но не е познато дали сè уште го има и денес.
ABC News во 2007-та објави дека актерите купиле и стан во кулите „Waldorf Astoria“ каде се наоѓа и истоимениот хотел во Њујорк.
Двајцата не само што се поврзани со имот и деца, туку имаат и заедничка фондација која ја отворија во 2006-та година.
Фондацијата досега има донирано милиони долари за различни причини како напорите да се обноват гратчињата после ураганот Катрина, торнадото кое го опустоши Џоплин, детските здравствени центри во Етиопија и Камбоџа...
Како ќе се подели имотот?
Н. Г. | Црнобело