Битка на облини: Бијонсе, Ким и Ники Минаж во припиени фустани на црвениот тепих на MTV VMA
- Детали
- понеделник, 29 август 2016
Сите очи синоќа беа вперени во добро познатите облини на Ким Кардашијан, Бијонсе и Ники Минаж кои доминираа на црвениот тепих.
Триото го украде вниманието со припиените тесни фустани уште на самиот почеток на MTV VMA наградите.
Бијонсе изгледаше сензационално во пастелна светкава тоалета од Francesco Scognamiglio, додека за рака ја држеше Блу Ајви, која пак носеше златен фустан со тул.
Ким Кардашијан изненади со нешто полежерно издание, во црн мини фустан со спуштен ракав, мокра коса и сандали на врзување.
Ники Минаж беше темно сина сирена во креација на Bao Tranchi.
Нивните три фантастични фустани и сите останати од црвениот тепих на MTV VMA наградите, во продолжение:
М. Д. | Црнобело