Џеј Ло и 18 години помладото момче, после 5 години ја прекинаа врска
- Детали
- четврток, 25 август 2016
Џенифер Лопез и нејзиното долгогодишно момче, Каспер Смарт, решиле да ја прекинат врската.
47-годишната пејачка и нејзиното момче кое имаше 29 години беа заедно уште од 2011-та година. Кратко се разделија во 2014-та година.
Нивен близок извор потврдил дека решиле да се разделат, но да останат добри пријатели.
„Не беше ништо драматично, врската ја прекинаа смирено“ - изјавил изворот.
„Ќе останат пријатели и понатаму ќе се гледаат, но нема да бидат заедно. И двајцата беа согласни.“ - додава.
Џеј Ло претходно беше во брак со Марк Ентони од кој ги доби и 8-годишните близнаци, со Каспер од 2011-та година, откако се запознаа на нејзина турнеја каде тој беше танчар.
Последна заедничка фотографија е онаа каде се сликаа заедно со Марк Ентони и неговата сопруга Шенон де Лима.
Н. Г. | Црнобело