Кортни Кокс се отвори: „Изгледав ужасно заради пластичните операции“
- Детали
- среда, 24 август 2016
Во ново видео кое го направи за ТВ ѕвездата Бер Грилс, Кортни Кокс открива како изгледа да се преживее, не дивината, туку светот на шоу бизнисот.
52-годишната актерка не крие дека во минатото правела многу пластични операции под притисок подолго да остане во филмската индустрија.
Додека седи на планински воздух објаснува: „Стареењето не е наједноставната работа. Но, јас научив некои лекции“.
„Се обидував да изгледам помладо додека стареев, ја бркав младоста. А, тоа не е нешто кое можете да го достигнете. И колку повеќе се релаксирате, толку помалку се трудите“ - додава таа.
„Понекогаш гледате фотографија од себе и си велите: Изгледам ужасно“ - продолжува.
Исповедта на Кортни Кокс, една од нашите омилени ТВ ѕвезди од „Пријатели“:
Н. Г. | Црнобело