Том Круз не ја видел, ниту зборувал со ќерката Сури цели 3 години
- Детали
- четврток, 18 август 2016
Том Круз не ја видел, ниту пак зборувал со својата ќерка Сури цели 3 години.
54-годишниот актер, според блиски извори „нема никаков контакт“ со својата 10-годишна ќерка.
„Том не ја видел ниту пак ѝ се јавил на Сури цели 3 години“ - вели близок извор на актерот.
Последен пат кога Сури и Том Круз се фотографирани заедно е пред 3 години кога беа заедно во аква паркот „Disney's Typhoon Lagoon Water Park“ во Флорида.
Тогаш Сури имаше само 6 години.
Кејти Холмс од друга страна, постојано е фотографирана со својата ќерка, за која се чини, целосно се грижи сама.
Том и Кејти беа во врска од 2005-та година кога во октомври најавија дека очекуваат дете.
Сури се роди во април 2006-та година, а 7 месеци подоцна, Кејти и Тим стапија во брак.
6 години подоцна, во јуни 2012-та година, потврдија дека се разведуваат, а Сури остана со својата мајка.
Последните заеднички фотографии на Сури и Том Круз:
Н. Г. | Црнобело