Разголениот фустан во кој Изабели Фонтана го кажа судбоносното „Да“ (фото)
- Детали
- петок, 12 август 2016
Не секој посакува гламурозна церемонија, раскошен фустан или голема помпа на денот на свадбата.
Бразилскиот супермодел и поранешен ангел на „Victoria's Secret“, Изабели Фонтана се венчаше со момчето Диего Фереро на приватна плажа на Малдивите.
Изабели одбра сосема прикладна венчаница за амбиентот, креација на брендот „Agua de Coco“, која се состои од костим за капење надополнет со раскошно извезен тул.
Проѕирната наметка е надополнета со кристали, а целосниот изглед го комплетираат неколку бели орхидеи во косата на Изабели и букет од кали.
Церемонијата била мала и интимна, а декорациите и тортата се неодоливи исто колку и невестата.
-->-->
(О)Милена | Црнобело