Фотката на Victoria's Secret која предизвика бурни реакции - Фотошоп или...?
- Детали
- петок, 12 август 2016
Во новата кампања на Victoria's Secret, фотошоп мајсторите малку се заборавиле од разубавување и направиле грешка, која на прв поглед можеби и нема да ја забележите.
Се работи за фотографијата со моделите Марта Хант и Стела Максвел, која беше објавена на официјалниот профил на Victoria's Secret на Инстаграм.
На социјалните мрежи имаше бурни реакции за лактот од десната страна, на кој местото очигледно не му е таму, но и за раката на Марта Хант, моделот од левата страна, чии пропорции се малку чудни и нереални.
И покрај многубројните критики, имаше и такви коментари од фановите на Victoria's Secret, кои велат дека не се работи за фотошоп грешка, туку за лоша поза поради што раката изгледа претерано тенко.
Погледнете ја повторно фотографијата и проценете сами.
М. М. | Црнобело