Кејт Мидлтон има двојничка на Олимпијадата (фото)
- Детали
- среда, 10 август 2016
Не е само Леонардо ди Каприо оној кој има свој двојник на Олимписките игри, туку и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.
По трките кои се случија изминатава недела, многу луѓе погледнаа двапати во своите телевизори за да бидат сигурни дека Кејт Мидлтон не се натпреварува на Олимпијадата во Рио.
Вушност, станува збор за француската велосипедистка Полин Феран-Прево.
24-годишната шампионка од Ремс, град од североисточна Франција има навистина импресивно резиме.
На 23 години таа станала првата личност во историјата на велосипедизмот која симултано е шампион на друмските трки, крос кантри трките и планинските трки.
Само погледнете го нејзиното лице и со сигурност ќе потврдите, ова е двојничката на Кејт Мидлтон:
Н. Г. | Црнобело