Дејвид и Викторија Бекам со Инстаграм пораки ѝ го честитаа 5-от роденден на Харпер
- Детали
- понеделник, 11 јули 2016
Трендот познатите личности да ги објавуваат важните настани на социјалните мрежи очигледно станува сè попопуларен.
Кратко по пораките кои ги разменија за да ја прослават нивната годишнина од бракот (17 години), Дејвид и Викторија објавија слики по повод 5-тиот роденден на малечката Харпер.
Под сликата на Дејвид стои: „Среќен роденден на мојата убава госпоѓица. Во овие 5 години Харпер донесе толку многу љубов во нашето семејство... Толку посебно девојче на толку многу начини, среќни сме што можеме да го поминуваме секој ден со таква прекрасна душа... Те обожаваме малечка, среќен роденден, те сака тато...“
Сликата пак, која Викторија ја објави на нејзиниот Инстаграм профил покажува како тие две се бакнуваат, со краток коментар „Среќен роденден мила, те сакаме многу... бакнежи од мама...“
Како што поминуваат годините ова малечко девојче станува сè поубаво и поубаво, па воопшто не е ни чудо што е вистинска миленичка на семејството.
М. С. | Црнобело