Џесика Алба признава: „Го презирав мојот статус на секс симбол во 20-ите“
- Детали
- петок, 24 јуни 2016
Џесика Алба изгледа неверојатно за последната фотосесија која ја направи за списанието InStyle.
35-годишната актерка се појавува неколку летни изданија, а во позадината се гледаат тропски сцени на кои би посакале и самите да се најдете.
Но, она што ја прави далеку поинтересна оваа фотосесија е што покрај неа, таа решила и во интервју отворено да зборува за нејзиниот статус на „секс симбол“.
Објаснува дека додека била во нејзините 20-ти имала проблеми да го прифати овој статус и воопшто не се чувствувала удобно во сопствената кожа на почетокот на нејзината кариера.
„Мојот сексапил правеше да се чувствувам неудобно. Се сеќавам на мојата прва фотосесија за Maxim, ме тераа да позирам на одредени начини, а јас сè што мислев беше: Имам 19! Девица сум. Не знам како да го направам тоа. Ситуацијата беше многу непријатна.“ - вели Алба.
На 25 години веќе стана светски позната актерка, а во тој период размислувала дали да продолжи понатаму со нејзината кариера.
„Поминав низ еден вид на животна криза. Си мислев: Ова не сум јас. Јас сум многу повеќе од ова, но сега не знам како да не бидам секс симбол.“ - додава таа.
Работите драстично се промениле откако ја добила својата прва ќерка...
Н. Г. | Црнобело