Каква мајка, таква ќерка - Лајла Грејс Мос позира за Vogue Italia заедно со мама
- Детали
- вторник, 07 јуни 2016
Покрај тоа што е една од најлегендарните супермодели на сите времиња, Кејт Мос е исто така и мајка „со полно работно време“ на Лајла Грејс Мос Хак, нејзината 13-годишна ќерка.
И додека поголемиот дел од времето таа се обидува да ја држи својата ќерка на страна од папараците и очите на јавноста, реши да направи еден екстремно гламурозен исклучок - заедно да позираат за насловната страница на Vogue Italia.
На фотографијата, мајката и ќерката, облечени во Versace изгледаат како две копии по кои веројатно ќе се согласите - ова е можеби една од најдобрите семејни фотографии.
Се чини дека Лајла Грејс го наследила талентот на својата мајка, па ова е одличен почеток за нејзината манекенска кариера.
Н. Г. | Црнобело