Ногата на Викторија Бекам е конкуренција на Анџелина Џоли? (фото)
- Детали
- петок, 20 мај 2016
Трендот на покажување на нога при позирање го започна Анџелина Џоли, а по неа, се чини дека го продолжува и Викторија Бекам во неколку фотографии кои досега ги има објавено на својот Инстаграм профил.
Пред неколку години, Анџелина Џоли застана во провокативна поза и ја покажа својата витка нога, а сега трендот на потенцирање на една нога, го продолжува Викторија Бекам.
Дали сте го забележале новиот феномен кој од време навреме се случува на Инстаграм профилот на Викторија Бекам? Поранешната спајсица, без разлика на тоа дали позира со Ева Лонгорија или гледа во својот телефон, ја подигнува ногата во воздух.
Се чини дека ова не е само нова поза која таа ја измислила, туку и тренд кој наскоро ќе се рашири на фотографиите на социјалните мрежи.
Се согласувате?
Н. Г. | Црнобело