Бившата сопруга на Бил Гејтс раскинала со контроверзниот дечко, еден ден откако се појави со свршенички прстен

Мелинда Гејтс беше фотографирана од папараци со огромен свршенички прстен. Додека сите светски таблоиди шпекулираа дека милијардерката ќе стапи во брак со контроверзниот новинар со кого се гледаше речиси 2 години, таа објави дека раскинале. Што знаеме за скандалозниот поранешен партнер на Мелинда?

bivshata-sopruga-na-bil-gejts-raskinala-so-kontroverzniot-dechko-eden-den-otkako-se-pojavi-so-svrshenichki-prsten-01.jpg

Во повеќето светски медиуми беа објавени фотките на кои се гледа како поранешната сопруга на Бил Гејтс, Мелинда (59) се шета со огромен веренички прстен на рацете, а речиси сите побрзаа да коментираат дека е веројатно таа да стапи во брак со нејзиниот дечко, контроверзниот ТВ спикер и новинар Џон Ду При (65).

bivshata-sopruga-na-bil-gejts-raskinala-so-kontroverzniot-dechko-eden-den-otkako-se-pojavi-so-svrshenichki-prsten-03.jpg

Сепак, нејзиниот портпарол излезе и информира дека Мелинда не е верена, ниту пак дека е во врска со споменатиот спикер.

bivshata-sopruga-na-bil-gejts-raskinala-so-kontroverzniot-dechko-eden-den-otkako-se-pojavi-so-svrshenichki-prsten-02.jpg

Џон Ду При беше поранешен припадник на мормонската христијанска црква во САД, а гласините дека се гледа со Мелинда започнаа да кружат уште во 2022-ра година, кога парот за првпат беше забележан заедно на спортски натпревар.

bivshata-sopruga-na-bil-gejts-raskinala-so-kontroverzniot-dechko-eden-den-otkako-se-pojavi-so-svrshenichki-prsten-09.jpg

Многумина беа изненадени од оваа врска, затоа што Џон во голема мера се разликува од нејзиниот поранешен сопруг Бил Гејтс, а познато е дека Џон има и проблематично минато.

Тој 9 години водеше судска битка со поранешната сопруга, Цина Ларсен, заради неплатена алиментација за децата.

Со неа тој има три деца, синовите Кејси и Џони, како и ќерката Џеси, а сите тројца веќе го завршиле и високото образование.

bivshata-sopruga-na-bil-gejts-raskinala-so-kontroverzniot-dechko-eden-den-otkako-se-pojavi-so-svrshenichki-prsten-07.jpgПоранешната сопруга на Џон Ду При

Синот Кејси во една пригода ја величаше мајка си и велеше дека мајка им била вистинско чудо, затоа што сама успеала да ги израсне и да ги образува децата, благодарение на нејзината неверојатна етика.

Она што го прави нивниот татко контроверзен е тоа што во 2000-та година тој објави мемоари насловени The Prodigal Father: A True Story of Tragedy, Survival and Reconciliation in an American Family.

bivshata-sopruga-na-bil-gejts-raskinala-so-kontroverzniot-dechko-eden-den-otkako-se-pojavi-so-svrshenichki-prsten-06.jpg

Тој во нив призна дека целиот свој живот имал проблеми со гневот затоа што како дете бил напуштен и занемаруван од татко му кој бил адвокат и поранешен агент на ФБИ, кој имал задача да ги шпионира членовите на комунистичката партија во Холивуд во 50-тите години на минатиот век.

Џон признава дека во еден миг во излив на гнев вербално ѝ се истурил на поранешната сопруга која била бремена во седмиот месец.

„Таа се омажи за мене мислејќи дека може да ме спаси. На почетокот на бракот сфати дека нешто не е во ред со нејзиниот сопруг, чијшто гнев еруптираше секојпат кога ќе ме коригираше или ќе ме критикуваше за нешто, па дури и тогаш кога ќе се почувствував инфериорно заради нешто љубезно што таа го направила за мене.

bivshata-sopruga-na-bil-gejts-raskinala-so-kontroverzniot-dechko-eden-den-otkako-se-pojavi-so-svrshenichki-prsten-11.jpg

Во годините што ги поминавме заедно, таа мораше да научи како внимателно да се справува со мене. Таа се навикна постојано да биде губитник во сите расправии, да биде понижувана пред пријателите, да ја презема вината за сè што е погрешно“ – напиша тој.

bivshata-sopruga-na-bil-gejts-raskinala-so-kontroverzniot-dechko-eden-den-otkako-se-pojavi-so-svrshenichki-prsten-10.jpg

Сепак, иако јавно зборуваше за своите проблеми и демони, Џон не успеа да си го спаси бракот. Во 2005-та година Џина поднесе документи за развод и побара целосно старателство над децата.

За потсетување, Мелинда се разведе од Бил во 2021-ва година. Подоцна таа призна дека тоа што Бил се нашол поврзан со скандалите на осудуваниот педофил Џефри Епстин одиграло голема улога во нивниот развод.

bivshata-sopruga-na-bil-gejts-raskinala-so-kontroverzniot-dechko-eden-den-otkako-se-pojavi-so-svrshenichki-prsten-08.jpg

Прочитајте и Бил Гејтс (67) има нова девојка, 2 години по разводот од Мелинда и аферата со колешка од Microsoft: „Неразделни се“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
14 најубави парови кои издоминираа на Оскари 2024 и забавата по доделувањето (фото) Марго Роби во тоалета како песочен часовник, со природна фризура и шминка позира...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg