Заради која ѕвезда Адел го прекина својот концерт во Данска? (видео)
- Детали
- петок, 06 мај 2016
На Адел и беше потребна речиси цела недела по објавувањето на новиот албум на Бијонсе, „Lemonade“, за да даде свое мислење на Инстаграм.
На оваа социјална мрежа таа изјави: „Не доцнам, само бев без зборови. Бијонсе е најинспиративната личност која некогаш сум имала задоволство да ја обожавам. Нејзините талент, убавина, грациозност и работна етика се своја сопствена лига. Ја ценам многу. Му благодарам на Бога за Бијонсе“.
Секако, откако ѝ се „вратија зборовите“ таа реши кратко да го прекине нејзиниот концерт во Данска и да потенцира дека е најголем фан на пејачката.
„Како е можно да станува сè подобра? Како е тоа можно?“ - ја праша пејачката својата публика.
„Таа е Исус Христос... Бијонсе е најдобриот артист во целиот свет, неверојатна е. Ја слушам 17 години и нејзината музика сè уште ме воодушевува“.
Adele calls Beyonce 'Jesus Christ' during a live show ???? pic.twitter.com/DaJv8kuJoQ
-->— WORLDSTARHIPHOP (@WORLDSTAR) May 4, 2016
Н. Г. | Црнобело