Сите модни комбинации на Кејт Мидлтон за време на патувањето во Индија (фото)
- Детали
- понеделник, 18 април 2016
Уште на самиот почеток од врската со принцот Вилијам, војвотката од Кембиџ, Кејт Мидлтон постојано е оценувана за своите модни избори.
Откако нејзиниот живот се најде во центарот на вниманието, таа многу брзо го промени својот стил. Така, фустанот кој го носеше за да ја најават веридбата со принцот Вилијам бил распродаден само неколку часа потоа.
А, откако се венчаше во рачно изработен невестински фустан од Alexander McQueen, таа стана амбасадор на британската мода.
Неодамна заедно со принцот Вилијам беа на кралско патување во Индија, каде уште еднаш потврди дека прави одлични модни избори.
На патувањето во Индија го долови локалниот дух преку шарите на фустаните, се покажа во неколку елегантни изданија, а на сафари авантурата во Индија се појави во пар фармерки од Зара и бела кошула со точки.
Сите погледи насочени кон Кејт Мидлтон:
Н. Г. | Црнобело