Неверојатна сличност: Кејт Мидлтон сè повеќе потсетува на принцезата Дијана
- Детали
- среда, 23 април 2014
Уште откако се појави, Кејт Мидлтон, луѓето ја споредуваат со принцезата Дијана, мајката на Вилијам. Лејди Ди беше миленичка на народот и омилена личност во Велика Британија, поради тоа што имаше човечки пристап кон секој човек и не глумеше недопирлива принцеза.
Гледајќи го нејзиниот пример, Кејт засега успешно ја следи. Но, не само во постапките и однесувањето, туку и во модата. Се чини дека имаат сличен моден вкус и избор. Па, така, лесно можеме да направиме споредба и да ја забележиме сличноста меѓу нив.
1. Црвен капут
Војвотката Кејт за време на посетата на Нов Зеланд многу потсетува на Дијана, која често носеше речиси идентичен црвен капут. Двете дами имаат сопствена фризура како заштитен знак – Кејт ги има свитканите врвови на долгата коса, а Дијана ја имаше кратката исфенирана коса која во тоа време беше хит токму поради тоа.
2. Темносина облека
Кејт на веридбата со Вилијам носи фустан со темносина боја, речиси идентична нијанса со џемперот на Дијана кој го носеше многу години претходно.
3. Црвена спортска опрема
Иако како принцези и двете треба да изгледаат елегантно, за време на скијањето Дијана е во црвен скијачки комбинезон и интересен црвено – бел стегач на главата. Кејт, пак, е во црвена јакна и собрана коса.
4. Сина тоалета
Лејди Ди своевремено беше вистинска модна икона и сите жени сакаа да изгледаат како неа. Без разлика дали се работи за секојдневниот живот или за случувањата на црвениот тепих, таа со својата појава секогаш воодушевувала. Таков е случајот и со Кејт. Двете изгледаат елегантно, софистицирано и одмерено, каде и да се појават.
5. Црвена дводелна комбинација
Уште една црвена комбинација за свечен прием, кај принцезата Дијана во црвено – бела комбинација, а Кејт е во црвено – црна комбинација.
6. Син фустан со бели точки по породувањето
Една од највпечатливите фотографии е откако Кејт излезе со новородениот син и сопругот. Не само што самата сцена е многу слична на онаа кога Лејди Ди на истата скала се појави со малиот Вилијам во рацете, туку и Кејт носи скоро идентичен син фустан со бели точки. Оваа фотографија со огромна брзина се прошири на светот како доказ дека Кејт е наследничка на Дијана.
7. Темнозелена комбинација
Секоја во свој стил, но со воочлива сличност на одредени средби и приеми кои се по протокол одбираат слични комбинации. Кејт е таа која ги следи стапките на принцезата Дијана и лесно им се додворува на луѓето кои веруваа дека никој нема да може да ја замени Лејди Ди. Засега Кејт одлично и успешно го прави тоа.
8. Крем - бела комбинација
Две фотографии на исто место, пред светата планина во Австралија, во речиси иста комбинација на облека меѓу двата пара, Дијана и Чарлс и Кејт и Вилијам. Белиот фустан и кремавите чевлички на Дијана потсетуваат на боите на фустанчето кое го носи Кејт. Принцот Вилијам, пак, и неговиот татко Чарлс се во различна кремава нијанса на панталоните и кошулата.