Зошто Бијонси е толку успешна
- Детали
- среда, 03 февруари 2010
За разлика многубројните инстант ѕвезди, Бијонси својот талент и квалитет на музичката сцена го докажува со години. Бијонси Ноулс е апсолутен...
... победник на 52-рото доделување на наградите Греми, најважните награди во американската музичка индустрија.
Аренби ѕвездата додаде, во и онака богатата колекција, Греми награди од шест категории што досега не успеало на ниту една пеачка.
Наградите во нејзината кариера не се никаква реткост. Не бината како победник се покажала на скоро сите важни доделувања на награди од MTV музички и Brit наградите до Светските музички награди.
Се поставува прашањето што ја издвојува Бијонси од конкуренцијата и што ја прави најуспешната пеачка на денешницата.
Бијонси голем дел од својот успех го должи на татко и кој е воедно и нејзин менаџер. Како дете од седум години почнала да пее во црковен хор, а по три години станала дел од групата "Girls Tyme" која во брзо време се претвори во "Destiny's Child" сето тоа под диригентската палка на Метју Ноулс.
За разлика од купот на инстант ѕвезди кои славата ја стекнаа преку ноќ на разни талент шоуа, Бијонси е присутна на сцената со години постојано докажувајќи го сопствениот квалитет.
Освен што се докажа со уникатен глас, угледот го стекна и со пишување на сопствени песни, со што дава автентичност на она што го пее.
Меѓу нејзините многубројни таленти se истакнува нејзината сексипилност која до совршенство ја акцентира со елегантна гардероба. Околу себе има собрано цела војска кореографи и танчери кои секој нејзин настап го претвараат во спектакл.
Бијонси силата ја црпи од приватниот живот - во брак е со еден од најмоќните луѓе во хип-хоп сцената, Џеј Зи кој годишно според Форбс заработува околу 25 милиони долари.
На овогодешното доделување на Греми наградите Бијонси посебно ја истакна поддршката што ја добива од сопругот: "Би сакала да се заблагодарам на родителите и на фамилијата, а особено на мојот сопруг - Те сакам! "