Што е пластично на Северина?
- Детали
- вторник, 02 февруари 2010
Беше русокоса, долгокоса, со шишки, без нив, во широки маици и во корсети. Северина има испробано најразлични стилови, но дали некогаш била само...
...своја? Експертите анализирале што е на Северина нејзино, а што е дело на хируршките ножици.
“Носот денес и е потенок отколку порано, а нејзините усни се постојано под нож“ – вели Томица Багатин, естетски хирург.
“Носот секако и е со пластика, устата па мислам дека и градите кои на почетокот беа големи гради кои висеа, а сега изгледаат добро“- вели стилистот Невен Цигановиќ.
Своите брчки Северина за сега не ги крие, а естетските хирурзи однапред и имаат предложено неколку решенија кога ќе дојде време до тоа.
За сега, Северина вежба доволно, се чува од сонцето и оди на козметичари, а за се останато тука е Фотошоп.