Невестата смени 4 венчаници – Први фотки од раскошната свадба на синот на Џон Бон Џови, кој е негова копија
- Детали
- четврток, 03 октомври 2024
Џон Бон Џови и синот беа модно усогласени во класични костуми со бели сакоа, невестата смени 4 венчаници. Џејк Бон Џови и Мили Боби Браун направија втора свадба, која повторно се одржа во најголема тајност.
Синот на Џон Бон Џови, Џејк (22) и неговата сопруга, актерката Мили Боби Браун (20) направија свадба во Италија.
Во средата (02.10) парот на социјалните мрежи ги сподели првите фотки од раскошната свадба, па нивните следбеници можеа да видат како изгледала церемонијата што се одржа 4 месеци откако парот застана пред матичар во опкружување на најблиските.
На свадбата не се штедело на ништо.
Невестата за време на настанот промени 4 различни дизајнерски венчаници, почнувајќи од традиционален модел со долг вел од тантела, до краток сатенски фустан, што го искомбинира со пеперутка-машна на нејзиниот сопруг.
Покрај свршеничкиот прстен со којшто Џејк ја запроси во 2023-та година, според PageSix, Мили добила и посебна бурма со дијаманти.
Џејк и неговиот татко Џон Бон Џови беа модно усогласени во класични костуми со бели сакоа и црни пеперутка-машни.
Честа да ги венча младенците му припадна на колегата на Мили од серијата Stranger Things, Метју Модин.
Инаку, свадбата се одржа во Vila Cetinale, која важи за една од најраскошните вили во Тоскана, а датира од 1680 година.
Парот се венча во тајност пред четири месеци, а за тоа се дозна откако и двајцата беа забележани како носат идентични бурми.
Организацијата на втората свадба исто така се одржа во целосна тајност, а првите фотки во јавноста беа објавени од младенците.
Прочитајте и Згодниот син на Џон Бон Џови е копија на татко му – мами воздишки со изгледот, во врска е со Мили Боби Браун (фото)
Погледнете како изгледаше раскошната свадба во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело