Мадона најде начин како да помине неказнета за 17-годишната девојка која ја разголе
- Детали
- четврток, 24 март 2016
Мадона неодамна качи на сцена фан, без да знае дека има 17 години, и без дозвола го повлече нејзиниот корсет и ја покажа нејзината града. Оваа ситуација предизвика многу негативни коментари од јавноста.
По настапот во Бризбејн на кој Мадона ја разголи малолетната девојка, се соочи со бројни негативни коментари. Токму затоа, 57-годишната пејачка решила да ѝ се извини на девојката.
Повторно ја повикала на концерт 17-годишната Џозефин Георгиу заедно со нејзината мајка и јавно ѝ се извинила.
„Морав да ја платам цената. Но, мене ми беше убаво, а и вие две сте преубави“ - изјавува дивата во обраќањето кон мајката и нејзината ќерка.
Моментот кога Мадона се извини на 17-годишната девојка:
Н. Г. | Црнобело