Блејк Лајвли во свилен фустан, заедно со Рајан Рејнолдс на гала вечера во Белата куќа (фото)
- Детали
- петок, 11 март 2016
Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли изгледаа прилично среќни што присуствуваа на гала вечерата во Белата куќа, посветена на канадскиот премиер Џастин Трудо.
39-годишниот Рајан изгледаше совршено во тегет смокинг и бела лептир машна, додека под рака ја држеше својата сопруга Блејк.
Блејк за ова појавување направи нов стилски погодок со тоа што одбра сребрен свилен фустан од Ralph & Russo кој се врзува околу струкот.
И покрај длабокото деколте и високиот шлиц, креацијата воопшто не изгледаше ризично, напротив, Блејк беше погламурозна од било кога.
На настанот присуствуваа и ќерките на Мишел и Барак Обама, кои веќе се пораснати во девојки:
М. Д. | Црнобело