Викторија Бекам на 18 години
- Детали
- вторник, 26 јануари 2010
Британскиот магазин "News Of The World" објави фотографии од Викторија Бекам, снимени кога таа имаше само 18 години. На овие досега необјавени...
... фотографии, тогашната 18-годишна девојка со големи амбиции Викторија Адамс не изгледаше како некој кој ќе порасне во една од најпознатите жени на денешницата.
Г-гица Адамс тогаш се фотографираше по обична бела машка кошула и едноставен бел градник од чипка. На заобленото и здраво лице нема шминка...
Но, набрзо откако стана членка на најпозната женска група во светот "Spice Girls" и се омажи со славниот фудбалер Дејвид Бекам, Викторија и се наметна на светската јавност и со својот препознатлив стил и високи потпетици се искачи на врвот на славата.
Викторија од просечна пејачка, стана не толку успешен дизајнер. Сепак, нејзината популарност постојано расте, а модните ревии на кои таа седи во прв ред се полн погодок, бидејќи се она што Викторија ќе го облече денес, утре веќе е моден закон за цел свет!