Ирина Шајк и Бредли Купер за првпат како пар на црвениот тепих
- Детали
- среда, 09 март 2016
Фактот дека Ирина Шајк и Бредли Купер се заљубена двојка повеќе не може да не изненади, бидејќи тие не ја кријат својата врска уште од летото минатата година. Но, овојпат покажаа дека нивната врска е прилично сериозна.
За било која холивудска двојка првиот заеднички црвен тепих е како врската да ви влегла во нова фаза, посериозна. За Ирина и Бредли тоа е нивниот прв заеднички црвен тепих за забавата на L'Oreal, Red Obsession во Париз.
Токму на оваа забава тие го одбележаа своето деби на црвениот тепих како двојка. Насмевки и пози пред фоторепортерите - Бредли Купер во црно-бел костим, а Ирина Шајк изгледа гламурозно во елегантен црвен фустан.
Ова е само уште еден доказ за нивната љубов:
Н. Г. | Црнобело