Поранешната асистентка на Леонардо ди Каприo открива како е да се работи со него
- Детали
- петок, 04 март 2016
Поранешна асистентка на Леонардо ди Каприо, актерката Каси Браун, споделила неколку фотографии и ни открива како изгледало да се работи со него. Таа се вработила како негова лична асистентка за време на снимањето на филмот „The Aviator“.
Каси за првпат се запознала со Леонардо и ја добила својата работа преку нејзина пријателка која исто така била негова асистентка.
На Halloween во 2003-та година таа се присетува на моментот кога по снимањето на сцени за филмот „The Aviator“ била преморена и не знаела дали ќе биде дел од забавата која требло да се случи таа вечер.
Во тој момент Лео ѝ открил зошто токму тој празник е неговиот најомилен: „Чувството е прекрасно да можеш да се движиш меѓу луѓе без да мораш да застанеш и да се поздравиш само затоа што те препознале. Да бидеш како секој друг, без никакви очекувања“.
Каси открива дека работењето со него било прилично забавно: „Лео и јас секогаш се забавуваме за време на снимањето. Сакавме да ги набљудуваме луѓето и да имитираме акценти“.
„Понекогаш се преправав дека тој е типична разгалена ѕвезда и ќе му кажев: Да господине, дали би сакале уште нешто господине?, а тој ќе се насмееше и ќе ми кажеше да престанам да се шегувам“.
Каси открива дека за време на снимањето успеала да го запознае како личност не само на сцената, туку и надвор од неа.
„Тој е паметен човек кој сака да споделува приказни и искуства со другите луѓе, има добра смисла за хумор и воопшто не е вообразен“ - додава таа.
Меѓу другото, таа открива дека е посветен на својата работа: „Еден ден додека одевме на снимање, започна да ги пребарува сите дупки на подот, се чудев што прави, но сфатив дека се соживува со неговиот лик кој по природа бил перфекционист“.
Во 2015-та откако таа направила свој филм, престанала и нивната соработка. „Лео цело време ме поддржуваше во моите цели и ме поттикнуваше да успеам да го остварам својот сон“ - открива Каси.
Н. Г. | Црнобело