Адел на концерт ѝ помогна на девојка да го запроси своето момче (видео)
- Детали
- среда, 02 март 2016
34-годишната Хејли Консуега се качила на сцената во Белфаст и со помош на Адел го запросила своето момче со кое се во врска веќе 10 години.
Ова прекрасно видео покажува како Адел ѝ помаѓа на една девојка да го запроси своето момче, како што прават некои девојки на престапната година.
Консуега открива дека таа и нејзиното момче пред извесен период раскинале, но се смириле откако таа му ја пратила песната „Someone Like You“ од Адел.
Адел на сцената прашала дали некоја жена во публиката би сакала да излезе на сцена и да го запроси своето момче и токму оваа девојка се пријавила.
„Долго разговаравме пред концертот. Зборувавме за нашата иднина и како двајцата сакаме да стапиме во брак, бидејќи сме создадени еден за друг. Така ми дојде идејата“ - објаснува Консуега.
Кога се качила на сцената имала малку помош и од Адел која поттикнувала „Ајде Нил“.
Н. Г. | Црнобело