Лејди Гага e исцрпена
- Детали
- понеделник, 18 јануари 2010
Пејачката се чувствува како да ги изневерила своите обожаватели, но сепак здравјето е на прво место. Поп ѕвездата Лејди Гага откажа 4 концерти...
... наведувајќи дека причината за тоа е исцрпеноста и дехидрацијата.
Славната пејачка која повеќе пати беше номинирана за Grammy и една од изведувачите со најпродавани синглови и албуми како што се "Bad Romance" и "Poker Face", ги откажа настапите во Индијана, Конектикат и Атлантик Сити.
"Плачев со часови, чувствувам како да ги изневерив своите обожаватели. Но 1 час пред настапот во Индијана почувствував омалаксаност и тешко дишев", напиша 23-годишната пејачка на Твитер.
"За мене се грижат доктори кои велат дека ми се пореметила работата на срцето како последица на исцрпеност и дехидрација", додава таа.
Исто така навела дека цел приход од концертот во Њу Јорк ке биде наменет за помош за настраданите во потресот на Хаити.